Актерскиот тим на „Хари Потер“ се сеќава на првите бакнежи, ужасните фризури…
Даниел Редклиф се сеќава на смешните фризури, Ема Вотсон средбата со колегите од „Хари Потер“ ја нарече „неочекувана радост“, а режисерот Крис Колумбус се присети на сценографии за филмовите како „најголемото игралиште во светот“. Многу актери од филмската сага за малиот волшебник повторно се собраа на дружба по повод годишнината од првиот филм. Програмата „20 години Хари Потер: Враќање во Хогвортс“, ќе се емитува на 1 јануари на „ХБО макс.“ Редклиф (32) имаше само 11 години кога доби улога на сираче со магични моќи. Тој на средбата на актерскиот тим во Ливсден, надвор од Лондон, рече дека секогаш со задоволство ќе зборува за филмот. „Секој дел од мојот живот е поврзан со Потер и со Ливсден. Мојот прв бакнеж е поврзан за некој овде, моите први девојки беа тука. … Сето тоа некаде извира од сетовите на Потер“, вели тој во тизерот објавен во понеделникот. Редклиф се присеќа како тој и Руперт Гринт (Рон Визли) мразеле кога во подоцнежните филмови од серијалот им било кажано да ја растат косата за побушав изглед. „Ние се спротивставивме: ‘Не, не, не. Не оставате вака? Во овој филм треба да станеме тинејџери и да излегуваме со девојки! Тоа нема да се случи, нели?“ рече Редклиф, додавајќи дека биле прилично онерасположени кога сфатиле дека така ќе биде. Оваа година се одбележува 20-годишнината од премиерата на „Хари Потер и каменот на мудроста“, првиот од серијалот филмови за малиот волшебник, базиран на книгите на Џ.К. Роулинг. Познати лица со кои пораснаа фановите на култното дело, се појвуваат на специјалната средба, насловена „20 години Хари Потер: Враќање во Хогвартс.“ Покрај ударната тројка од осумте филма – Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт – тука се и Том Фелтон, Метју Луис, Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Џејсон Ајзакс, Гери Олдмен, Џејмс и Оливер Фелпс, Марк Вилијамс , Бони Рајт, Алфред Енох, Евана Линч, режисерот Крис Колумбус и други.
Comments