top of page
Search

Актерот Лазар Бараков наполни 70 години: „Среќен роденден на човекот кој има 0 хејтери и еден тон обожаватели“

24.05.2024 Maj Petok

Текст преземен од https://www.crnobelo.com

„На 24 мај, на Кирил и Методиј, заокружува златна 70-ка Лазар Бараков. Ќе го паметиме по ‘Малиста поликала’ ‘франгите’, ‘вујче Бараков од Мокрино’ и многу други реплики и анегдоти“, стои во роденденската порака до актерот. 

Еден од доајените на македонското глумиште, актерот Лазар Бараков, денес полни 70 години.

Роденденот со емотивна порака, и желба да доживее барем до 100 години, му ја честитаа на

„На 24 мај, на Кирил и Методиј, заокружува златна 70-ка човекот кој има 0 хејтери, а еден тон обожаватели - Лазар Бараков!Лик кој ќе го паметиме по ‘Малиста поликала’ ‘франгите’, ‘вујче Бараков од Мокрино’ и многу други реплики и анегдоти кои испишаа историја на македонското глумиште и во колективната меморија на македонскиот народ.

Сцената никогаш не била поисполнета и потопла кога Царот - Ѓорѓи Колозов и неговиот советник - Лазар Бараков, ја создаваа магијата наречена - Македонски народни приказни. Чудесна хемија и хармонија која постоеше меѓу нив двајцата, а во сето тоа уживавме ние, гледачите.Лично јас, посакувам да ти го честитам и 100-тиот роденден тука. Да си жив и здрав Лазаре“, напиша админот на оваа фан страница.

Бараков доби бројни честитки и од фановите, кои му посакаа „тортата да си ја јаде со сласт и да доживее до 101“.


0 views

Comments


bottom of page