top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Актерката Маја Вељковиќ-Пановска е нов в.д. директор на Драмскиот театар

Актерката Маја Вељковиќ Пановска е нов в.д. директор на НУ Драмски театар Скопје. Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева, која се повлекува од лични причини. Маја Вељковиќ-Пановска дипломирала актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1993 година. По дипломирањето, реализира повеќе улоги на сцените на повеќе театри во Македонија. Од 1999 година е вработена во Драмскиот театар Скопје. Со своето богато професионално искуство, Маја Вељковиќ-Пановска несомнено ќе даде значителен придонес во реализацијата на програмата за работа и унапредување на театарската дејност во националната установа. Од театрографијата на Маја Вељковиќ-Пановска ги издвојуваме улогите на: Антонина (Земјомерот, 2000); Јованка Орлеанска (Јованка Орлеанска, 2000); Марија (Војцек, 2001); Маре (Тетовирани души, 2002); Елена (Сон на летната ноќ, 2001); Порција/ Полониј/ Гертруда/ Првата вештерка (Собрани дела Шекспир,2002); Првата пчела (Како се станува цар, 2003); Паднатиот ангел (Марисол, 2004); Мартирио (Домот на Бернарда Алба, 2004); Фроса (Кино љубов, 2007); Јелена (Комшилук наопаку, 2007); Мими (Грев или шприцер, 2011); Емилија (Баал, 2012); Младата сопруга (Вртелешка, 2012); Евридика (Евридика, 2013); Секула (Солунски патрдии, 2013); Елена (Љубовници, 2015); Фонсија Дорси (Партија реми, 2018) ; Јоана Дорек (Чудесна терапија, 2019); Газдарицата (Птица со главата меѓу нозе, 2021). Во филмографијата се забележени улогите на: Последниот фалцер (2000); Големата вода (2004); Бардо (2012); Незрели цреши (2015). Маја Вељковиќ-Пановска е добитник на наградите: награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер за улогата на Жената во претставата „Духот на лименката“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1999); награда за епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Маре во претставата „Тетовирани души“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 2002) и други. Колективот на Драмскиот театар изразува благодарност на досегашната директорка Катарина Коцевска Хаџи Василева, која од вработувањето во 1983 година е член на ансамблот на Драмскиот театар – Скопје.


0 views

Comments


bottom of page