top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Актерката Бранка Веселиновиќ и на 103 години слика и пишува поезија

23.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Српската актерка Бранка Веселиновиќ која во својата 83 години долга актерска кариера глумела во повеќе од 100 театарски претстави и повеќе од 50 телевизијски серии и филмови неодамна наполни 103 години, и како што вели се уште слика и пишува поезија. На нејзината енергија пак, можат да и позавидат и далеку помлади колеги. Како што вели самата, дури и кога минувала низ тешки времиња, никогаш не ја изгубила волјата за живот.

“Се уште го негувам споменот на моето детство во душата, не сум како старите луѓе. Се уште имам желба за живот и вежбам секој ден. Луѓето често ме прашуваат која е тајната на долговечноста, а јас верувам дека тоа е оптимизам. Никогаш не сум пиела и не сум пушела, па дури и во овие години се занимавам со гимнастика секое утро. Вчера сликав скоро цел ден. Пишувам песни секој ден, гледам филмови и сакам да се дружам со пензионерите. Сакам да читам и не ми требаат наочари за тоа“, изјави за српските медиуми на нејзиниот роденден актерката Веселиновиќ.

Таа додава дека е свесна што е стара, но и дека е среќна што е жива.

“Многу помлади колеги починаа и срцето ме боли поради тоа. За мене е важно да им кажам на сите стари луѓе да не се откажуваат. Не ми се допаѓа кога ги гледам како се повлекуваат од сите, бидејќи мислат дека немаат што повеќе да кажат.

Често одам во пензионерскиот дом и им кажувам поезија, бидејќи ја сакам“, вели Веселиновиќ и открива дека актерството и недостасува.

“Имав богат и исполнет живот. Најдов љубов и разбирање во мојот сопруг Млаџа и играв многу улоги во театарот и телевизијата. Бев во Америка пет месеци, таму настапував и имам одлични искуства. Пишувам по неколку песни секој ден, задоволна сум од животот. Младите треба да го задржат својот оптимизам и да не се жалат дека им е здодевно. Се дадов несебично и направив многу хуманитарни акции. Јас сум доживотен амбасадор на УНИЦЕФ и почесен граѓанин на Нови Сад. Парите за годишната награда ги донирав на актерите на Југословенскиот драмски театар. Мора да останете позитивни и да не се предавате во ниту едене момент“ – раскажува оваа актерката со богата кариера. Таа беше блиска пријателка со Десанка Максимовиќ, Миодраг Петриовиќ Чкаља и Мија Алексиќ. Кога и била доделена Стериина награда во 1964 година, Меша Селимовиќ бил во жирито.


3 views

Comentários


bottom of page