Актерка се соблече на француските „Оскари“ во знак на протест против стратегијата за коронавирус
- Aleksandar Santovski
- Mar 15, 2021
- 1 min read
15.03.2021 mart ponedelnik
ЗАБАВААктерка се соблече на француските „Оскари“ во знак на протест против стратегијата за коронавирусОбјавено пред 6 часа - 15 март, 2021Од Макфакс
Француската актерка Корин Масиеро се соблече гола на сцената за време на свечената церемонија на доделувањето на „Цезарите“ во Париз во знак на протест против повеќемесечното затворање на театрите и киносалите во услови на пандемија на коронавирусот.
На градите имаше напишано „Без култура нема иднина“, а на грбот „Вратете ни ја уметноста, Жан“, како порака до премиерот Жан Кастекс.
57-годишната Масиеро беше на сцената за да ја додели наградата за најдобар костим. На себе имаше магарешки костим и фустан со крвави дамки пред да се соблече пред публиката.
Фрацускиот еквивалент на „Оскарите“ во нормални околности е најголемата ноќ на календарот на француското кино, но на церемонијата во петокот (12 март) немаше светилки на црвениот тепих и немаше партнери во прегратките на номинираните.
Церемонијата се одржа во театар, а гневот и фрустрацијата растат кај актерите, музичарите и кај уметниците поради неподготвеноста на владата да одреди датум за повторно отворање на музеите, галериите, концертните сали и филмските куќи.
Во говорот за отворање на церемонијата, Марина Фоас, една од најпознатите француски комичарки, изрази критика кон владата поради повеќемесечното затворање на театрите и киносалите.



Comentarios