Актерка од БиХ привлече внимание на црвениот тепих во Сараево, се појави – боса
- Aleksandar Santovski
- Aug 22
- 1 min read
22.08.2025 Avgust Petok
Филмската и телевизиската актерка Мона Муратовиќ од БиХ привлече внимание на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал со необичен потег – наместо да носи чевли, се појави боса.За оваа пригода таа избра долг елегантен бордо-фустан, но причината зошто одлучи да оди без чевли е непозната.
Муратовиќ се појави на фестивалот во придружба на својот сопруг, водителот Данко Делибашиќ, кој носеше класичен сив костум.
Во Босна и Херцеговина тие се познати како еден од најхармоничните парови, заедно имаат ќерка Ливија и син Виго, а Мона го има и синот Акин од претходниот брак.
Инаку, Мона Муратовиќ дипломирала глума на Академијата за сценски уметности во Сараево, а студирала и историја на уметност и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Сараево.






Comments