Ако приреди сензација Македонија во фудбал на СП 2026 ќе оди како претставник на вториот или третиот шешир!
- Aleksandar Santovski
- Nov 20
- 2 min read
19.11.2025 Noemvri Sreda
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Велс со огромни 7-1 и по потешкиот пат ќе бара место на Светското првенство. Во баражот нашата селекција ќе влезе од четвртиот шешир и веднаш ќе оди на мегдан со еден од ривалите во првиот. Извлекувањето за доигрувањето е закажано за четврток, а веќе во декември ќе се одржи и главната ждрепка за Мундијалот.
Доколку Македонија направи сензација и се пласира на планетарниот собир, таму би била во вториот или третиот шешир. Од овој турнир ФИФА се реши за промена која сè уште не е официјализирана, ама се очекува да биде во наредните денови. Имено, досега победниците на баражите одеа во четвртиот шешир, но од овој турнир ќе се рангираат според најсилните селекции на турнирите.
Така, Италија и Данска се во вториот шешир, па селекцијата победник на турнирот на кој ќе се падне една од овие две земји ќе оди во него. Слична е ситуацијата и со Турција и Полска, но тие се сместени во третиот.
Шешири за ждрепката за Светското првенство:
Прв шешир: САД, Мексико, Канада, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија
Втор шешир: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна кореја, Еквадор, победник на бараж со Италија, победник на бараж со Данска
Трет шешир: Австрија, Австралија, Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брег на Слонова Коска, победник на бараж со Турција, победник на бараж со Полска
Четврти шешир: Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јордан, Зелен рт, Гана, Хаити, Курасао, Нов Зеланд, победник на интерконтинентален бараж 1, победник на интерконтинентален бараж 2
Извлекувањето е закажано за 5 декември во „Кенеди центарот“ во Вашингтон.






Comments