top of page
Search

Аки Рахимовски погребан во Загреб со песната „Зошто си ме мајко родила“ Видео

27.01.2022 Januari Cetvrtok

Фронтменот на „Парни ваљак“, легендарниот Аки Рахимовски, денес беше погребан во Загреб. Бројни пријатели, колеги и семејството се простија од Аки на гробиштата Мирогој.

„Нашата улица е тажна откако ти не си тука…Затоа што тажната песна ја пеат тие што остануваат“, пишува покрај фотографијата на Аки. Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со знамето на Македонија, а на него имаше црвени рози.

Аки Рахимовски беше испратен во последното почивалиште, во Алејата на великаните на Мирогој, со македонската песна „Зошто си ме мајко родила“.

Погребот беше извршен во 15 часот, кога и на радиостаниците низ регионот се емитуваше песната наречена „Повторно“, последната песна што ја отпеа Аки Рахимовски. Од Аки обожавателите се простија и во Скопје и во Словенија.

На Градскиот плоштад во Скопје во текот на вчерашниот ден посетителите му оддаваа последна почит.




12 views
bottom of page