top of page

Академијата под притисок: Постои ли можност на Вил Смит да му биде одземен Оскарот/ВИДЕО

Updated: Apr 1, 2022

28.03.2022 Mart Ponedelnik

Ако нешто, или некој ги одбележа синоќешните Оскари, тоа беше актерот Вил Смит. Не само што си замина дома со признанието за најдобар актер, туку дефинитивно подготви момент за паметење, качувајќи се на сцената во еден момент и физички се пресмета со колегата Крис Рок.

Сепак, постои можност за тој потег да му биде одземена наградата.

Постои ли можност на Вил Смит да му биде одземен Оскарот е тема број еден!

Последните информации се дека Академијата се соочува со голем притисок да реагира на однесувањето на актерот по прекршувањето на кодексот на однесување кој беше составен по движењето „MeToo“.

Имено, познатата вест е дека Вил Смит му удрл шлаканица на Крис Рок за време на церемонијата во одбрана на честа на неговата сопруга, а полицијата во Лос Анџелес соопшти дека не е поднесена пријава за нападот.

Она што е алармантно е дека има повици Академијата да му го одземе Оскарот за најдобар актер на Вил Смит, бидејќи Академијата, во својот кодекс на однесување, многу остро гледа на насилство од секаков вид.

На Твитер е објавено:

„Академијата не одобрува насилство во која било форма. Со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти добитници на Оскар, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните колеги и љубители на филмот ширум светот“.

Академијата повторно го воспостави својот Кодекс на однесување во 2017 година за време на кампањата „MeToo“.

„Членството во Академијата е привилегија што им се нуди само на неколку одбрани во глобалната филмска заедница“, напиша извршниот директор на АМПАС, Даун Хадсон, по многуте скандали во индустријата.

Со оглед на синоќешниот скандал, многумина се прашуваат дали Вил ќе успее да ја задржи наградата, а мислењата се поделени.



 
 
 

Kommentarer


bottom of page