top of page

Азаренка: Публиката беше пијана, што требаше да направам?

Викторија Азаренка и Елина Свитолина одиграа неизвесен меч на Вимблдон, меч на кој по голема борба славеше Украинката со 2-1 во сетови.

Меѓутоа и покрај убавиот меч во кој двете тенисерки дадоа се од себе, резултатот падна во втор план поради Свитолина која остана верна на кажаното и не пружи рака, спортски поздрав и по односно на публиката која без причина ја исвирка Белорусинката по крајот на натпреварот.

-Елина ја познавам многу долго време. Секогаш сум имала добар однос со неа. Но, сегашните околности се такви. Не можам да ја контролирам публиката. Не сум сигурен дека многу луѓе разбираат што се случува, веројатно пиеле многу Пимс во текот на денот.

-Таа не сака да се ракува со руски, белоруски спортисти. Ја почитувам нејзината одлука. Што требаше да направам? Дали да останам и да чекам? Го направив она што мислев дека е почит кон нејзината одлука. Ако луѓето сега се фокусираат само на ракувањето или на публиката, прилично пијана публика, која свирка на крајот, тоа е штета, -порача Азаренка.


 
 
 

Comments


bottom of page