Адетокумбо заработи контроверзно исклучување, соиграчите спречија поголем инцидент
Милвоки го победи Детроит на домашен терен, но тоа мораше да го направи на потешкиот начин, односно без Јанис Адетокумбо во голем дел од натпреварот.
Грчкиот „ѕвер“ заработи две технички грешки уште во првото полувреме, па на теренот мина само 22 минути.
Првата техничка на Јанис му била доделена поради протест кај судиите за недосуден прекршок, при што користел и непристоен јазик, а втората е доделена поради исмејување на противник.
Адетокумбо заврши една акција со забивање и направи една гестикулација кон противникот, но голем број НБА фанови сметаат дека одлуката на судиите е престрога и оди во насока на целосно елиминирање на емоциите по одредени потези на натпреварите.
Првата ѕвезда на Милвоки не можеше да поверува дека треба да оди во соблекувалната, сакаше да има поблизок контакт со судиите и да добие објаснување, но за среќа бргу беше испратен на сигурно, завршувајќи го натпреварот со 15 поени.
Инаку ова е трето исклучување на Јанис во регуларниот дел од НБА сезоните во кои настапувал.
Comments