Адел ќе каже сè за себе во интервју за Опра
Updated: Oct 21, 2021
20.10.2021 Oktomvri Sreda
Британската поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе говори и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста. Тоа ќе изгледа многу слично на фамозното интервју на иконата на чет-шоу со принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс. Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган. „Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка текстописец. Покрај интервјуто, ќе има и концертна изведба што ќе биде најрана можност за голем дел од светот да го слушне сосема новиот материјал на Адел. Емисијата ќе се снима во Лос Анџелес и ќе вклучува нејзини хитови и неколку нови песни. Проектот е најавен како „прв телевизиски разговор на Адел за нејзиниот нов албум, приказните зад песните, животот по разводот, губење на тежината и подигањето на својот син“. А според „Вараети“, Адел и Опра ќе седат на истото место каде Меган и Хари го дадоа своето интервју во март, во градината со рози на водителката.
Comentarios