Search
Адел се расплака на концерт поради фотографија што ѝ ја покажа човек од публиката
Адел беше обземена од емоции на последниот концерт во Лас Вегас кога еден фан во публиката ѝ покажа фотографија од својата покојна сопруга, пренесуваат британски таблоиди. Добивај вести на вибер „Во публиката има човек, го гледате ли како го држи мобилниот во воздухот? Мислам дека тоа е неговата сопруга на екранот и мислам дека таа не е тука. Ова силно ме погоди. Не сфатив што ми покажуваш додека не се качив на сцената и многу, многу ми е жал за твојата загуба“, рече Адел со солзи во очите. Британската поп-дива му ја посвети својата балада Someone like you пред да почне да ја пее. На видео од настанот објавено на „Тик-ток“, Адел вели: „Ова е за вас, господине, вие што ми ја покажавте вашата сопруга на телефонот“.
Comments