top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Адел се закити со награда „Еми“ за креативна уметност

Британската поп-дива Адел ја освои својата прва Еми-награда на отворањето на свечената церемонија на доделување награди за креативни уметности. Музичката ѕвезда (34) отсуствуваше на церемонијата што се одржа во Лос Анџелес во саботата. Нејзе ѝ припадна гонгот Outstanding Variety Special за емисијата на Си-би-ес, Adele One Night Only („Адел една ноќ“). Специјалната програма се емитуваше минатиот ноември и во неа мегаѕвездата изведува нова музика првпат по шест години и дава интервју за Опра Винфри. Оваа чест значи дека на Адел ѝ недостига само наградата „Тони“ за да има статус ЕГОТ – личност што ги има добиено четирите престижни статуетки: „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“. Само 17 луѓе успеале да добијат статус ЕГОТ, меѓу нив се Мел Брукс, Вупи Голдберг и Џон Леџенд. Адел има освоено 15 „Греми“, а исто така и „Оскар“ за најдобра оригинална песна во 2013 година – темата за Џејмс Бонд, „Скајфол“.



1 view

Comments


bottom of page