Адел: Реакцијата на одложувањето на настапите во Лас Вегас беше брутална
Адел изјави дека негативните реакции на одложувањето на нејзиниот престој во Лас Вегас претходно оваа година ја натерале да се чувствува како лоша личност. Во јануари британската поп-дива ги одложи концертите 24 часа пред вечерта на отворањето и им кажа на фановите дека настапите не се подготвени. Во интервју за емисијата Desert Island Discs на Би-би-си Радио 4, Адел рече дека одложувањето на нејзиниот тримесечен престој во Вегас ѝ предизвикало голем немир, но рече дека останува на одлуката. Во петокот, таа им се обрати на фановите со убава вест дека датумите на настапите ќе бидат објавени наскоро. Во разговор со водителката на „Дезерт ајланд дискс“, Лорен Лаверн, 34-годишната Адел рече: „Дефинитивно го почувствував разочарувањето на сите и бев скршена, и се плашев да не ги изневерам.“ Пејачката, која го објави својот четврти албум во ноември, беше критикувана на интернет откако ја објави веста во последен момент дека концертите во „Палатата на Цезар“ нема да се одржат како што беше планирано.
Comments