top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Адел потврди дека ќе одржи концерти во Лас Вегас

Адел изјави дека концертите во Лас Вегас, кои неодамна ги откажа пред самиот почеток на турнејата, ќе ги одржи подоцна оваа година. Минатиот месец таа ги информира своите фанови дека мора да ги одложи планираните настапи во Лас Вегас бидејќи неколку членови од нејзиниот тим се заразиле од коронавирус. Во разговор со ТВ-водителот Грејм Нортон во неговата емисија на „Би-би-си“, таа вети дека набргу ќе ги потврди новите датуми. „Тоа мора да се случи оваа година бидејќи имам планови за в година. Замислете да морам да откажам затоа што имам бебе“, рече таа оставајќи го водителот во недоумица дали се шегува или сериозно размислува за бебе. Поп-дивата, која го има деветгодишен син Анџело со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, потоа откри дека би сакала да има повеќе деца. Таа одби да каже дали дијамантскиот прстен што го носеше на „Брит авордс“ минатата недела значи дека се свршила со нејзиното момче Рич Пол. Адел триумифира на огодинешните британски музички награди освојувајќи ги трите главни награди – за најдобра песна, најдобар албум и најдобар изведувач. На церемонијата таа го изведе синглот I Drink Wine.



3 views

Comments


bottom of page