top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Адел официјално го најави новиот албум

Адел го најави својот нов албум со наслов „30“, кој треба да излезе следниот месец. 33-годишната sвезда потврди дека четвртиот студиски албум – долгоочекуваното продолжение по „25“ од 2015 година – ќе биде објавен на 19 ноември. Таа албумот го опиша како „вози или умри низ најтурбулентниот период од животот“. Во долгата изјава што ја сподели на социјалните мрежи Адел вели: „Не бев ни блиску таму каде што сакав да бидам кога почнав пред речиси три години. Всушност, сосема спротивно. Сепак, бев свесна – доброволно фрлајќи се во лавиринт од апсолутна збрка и внатрешни превирања!“


1 view

Comments


bottom of page