Адел и Ед Ширан предводат во номинации за „Брит авордс“
20.12.2021 Dekemvri Ponedelnik
Адел и Ед Ширан ги предводат номинираните за британските музички награди – Brit Awards 2022 – со по четири номинации, како што беше објавено во саботата (18 декември). Раперите Дејв и Литл Симз исто така добија четири номинации во списокот на кој годишните почести за поп-музиката во Британија нема да бидат поделени на машки и женски категории. Организаторите минатиот месец соопштија дека воведуваат родово неутрални награди за локални и меѓународни уметници, а изведувачите сега се во трка за уметник на годината или меѓународен уметник на годината. Британската поп-дива Адел, која е на врвот на топ-листите во светот со нејзиниот најнов албум „30“, обезбеди четири номинации, вклучително и номинации за најдобар албум, најдобар изведувач и најдобра песна за Easy On Me. „Бритс“ ќе се одржи на 8 февруари во Лондон.
Comments