Адвокатката на Џони Деп без коментар за шпекулациите за љубовна афера
Милиони гледачи во светот ја следат правната битка меѓу холивудските тешкаши Џони Деп и Амбер Херд, коментираат американски медиуми, додавајќи дека среде драма во судницата, нова ѕвезда се најде во центарот на вниманието: адвокатката на Деп, Камил Васкез. Во екот на мачниот судски процес сè погласни се шпекулациите дека актерот е во врска со својата адвокатка. Од почетокот на судењето минатиот месец таа стана ѕвезда на интернет, а фановите на Деп ја обожаваат поради жестокиот настап и вкрстено испрашување на сведоците, вклучувајќи ја и обвинетата Херд. Камил убива со прашања и во неколку наврати ја сомле Амбер Херд, коментираат медиумите. Остра е, директна и фокусирана. Корисници на социјалните мрежи пишуваат дека одамна не виделе некој толку многу да се бори за својот клиент. Неколку нежни прегратки меѓу Деп и колумбиска убавица ги привлекоа медиумите. Многумина почнаа да се сомневаат дека Џони и Камил станале блиски и се вљубиле еден во друг за време на судењето.
Comments