top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Агуеро типува кој ќе биде најголемо изненадување во ЛШ и посочи три големи фаворити за трофејот

Серхио Агуеро ги коментираше завршните натпревари во Лигата на шампионите преку Твич и предизвика големо внимание со своите реакции, а сега пред самиот старт на новата натпреварувачка сезона во најелитното натпреварување во Европа, реши да даде своја прогноза.

Легендарниот напаѓач на Манчестер Сити посочи три главни фаворити за трофејот според него и во неговиот тип нема место за актуелниот првак Реал Мадрид, но интересно предвиде и кој тим може да биде најголемо изненадување.

– Тотенхем може да биде изненадување во Лигата на шампионите. Тие веќе беа во финалето со Покетино, а со Конте како тренер и човек кој има големо искуство, тие се уште посилен тим. Стилот на игра на Конте може да убие противници во Лигата на шампионите и тие можат да бидат изненадување. Ги имаа Кејн и Сон, сега го имаат и Ришарлисон, а тука се и Перишиќ и Кулушевски. Тие ќе бидат тежок противник за било кој тим.

– Со Халанд во Манчестер, Сити секако е фаворит за титулата. Ако продолжи да дава голови како што тргна, можно е тој да им помогне да го урнат проколетството во Лигата на шампионите. Тимот во кој игра Меси секогаш е фаворит за Лигата на шампиони, тука се и Нејмар и Мбапе, но и искуството од толку многу години играње во Европа. За крај, очекувам добра сезона во Европа и од Барселона. Барса доби тешка група, но ќе мине понатаму. Чави ја врати вербата и тимот игра напаѓачки фудбал, очекувам голем резултат од Барселона, – вели Агуеро.


1 view

Comentários


bottom of page