top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Агуеро се огласи по информациите дека размислува да и стави крај на кариерата (ФОТО)

Серхио Агуеро требаше да биде едно од главните засилувања за Барселона во оваа сезона, но по повредата поради која го пропушти стартот на сезоната дојде нов проблем и тоа кога се врати на теренот. Аргентинецот мораше да биде заменет на дуелот против Алавес откако почуствува болка и имаше проблеми со дишењето за да потоа се утврди дека има срцева аритмија. Првите информации беа дека Кун ќе мора да паузира три месеци по што би се знаело нешто повеќе за ситуацијата за следните чекори, но сега излегоа вести дека резултатите од тестовите не донеле оптимизам и дека играчот веќе рамзислува за повлекување од фудбалот. Овие информации допреа до Серхио кој ги искористи социјалните мрежи да испрати порака и едноставно ја каже вистината. -Со оглед на гласините, јас кажувам дека ги следам укажувањата на лекарите на клубот, правам тестови и третмани и ќе го видиме мојот напредок во рок од 90 дена. Осѕанувам позитивен, -напиша голгетерот.


2 views

Comments


bottom of page