Агуеро и Меси ја рекреираа незаборавната прослава на Марадона (Фото)
Серхио Агуеро го украде шоуто по крајот на големото финале во Катар и влета на теренот на „Лусаил“ стадионот, по што беше задолжен за сите најважни случувања на тревникот пред и после церемонијата.
Пензионираниот напаѓач на Аргентина најпрво ја догреваше атмосфера со тапан во своите раце, потоа ја подигна „Златната Божица“ пред своите доскорашни соиграчи, но најоригиналното го сочува за крај.
За време на шампионскиот круг кој го правеа Аргентинците на теренот, Агуеро во еден момент го подигна својот поранешен цимер и добар пријател, Лео Меси, со кого рекреираа една незаборавна прослава од 1986-та година.
Кун и Меси се погрижија да ја видиме шампионската прослава на големиот Дон Диего, кој пред 36 години ја однесе Аргентина до светскиот трон.
Актуелниот капитен на Аргентина прослави како Марадона, а заслужен за тоа беше харизматичниот Агуеро.
Yorumlar