Агуеро го предупреди Арсенал: Уште три екипи се во трка за титулата во Премиер лигата
Веќе сме на половина од актуелнава сезона во Премиер лигата, а засега најдобро се покажа составот на Арсенал кој е прв со 50 бода или пет повеќе во однос на бранителот на пехарот Манчестер Сити.
„Топчиите“ воедно имаат и меч помалку во однос на „граѓаните“ што значи дека можат дополнително да ја зголемат таа предност што сигурно ќе биде од големо значење за четата на Микел Артета. Меѓутоа и покрај ваквите изданија, резултати има доста кои се сомнeваат дека Арсенал може да издржии докрај и биде првак.
Според Серхио Агуеро, клубот од северен Лондон е во пол позиција, ама работата е далеку од завршена притоа посочувајќи дека освен Сити воо трката за пехарот може да се вклучат Манчестер Јунајтед, па и Њукасл.
-Како што стојат работите, титулата ќе заврши во Арсенал, Сити или Јунајтед. Њукасл исто не може дасе отпише, имаа одлична прва половина од кампањата. Не би дотаму дека нешто во Сити не функционира. Премиерлигата е најконкурентната лига што постои и нормално да се види дека топ екипите добиваат засилувања и се враќаат на историските стандарди.
-Не би било долго за Арсенал или Јунајтед да се вратат. Двата клуба претрпеа последици од два многу успешни циклуси – Арсен Венгер и Алекс Фергусон – и сега тие се вратија во сила. Сити има освоено четири од петте последни премиерски лиги. Тие сè уште се во борба и тоа треба да се препознае. Втора позиција, подготвено за напад – сè може да се случи. Во последните неколку години, Сити знаеше како да се задржи на пулсот на Премиер лигата.
-Не можеме да заборавиме како нашите битки со Ливерпул во последните неколку години беа решени со мала маргина. Искуството на Сити ќе игра голема улога во ова. Како лидер не можете да го ослободите од чувството дека има ривал на вашата патека кој може да ве фати. Тимот на Арсенал е помлад и ќе мора да се справи со тој притисок.
-Тие се солидни денеска, тие се одлучни, но ќе мора да гледаме до самиот крај. Добар пример е она што се случи со Сити во 2012 година, осум поени зад Јунајтед и успеавме да го кренеме трофејот во последниот натпревар, -порача Кун за „Стејк.ком“.

Comments