Агентот на Дејвис се жали: Не е фер ултиматумот кој го постави Баерн
28.03.2024 Mart Cetvrtok
Алфонсо Дејвис е поставен како приоритет од новиот спортски директор на Баерн кога се во прашање преговорите за нов договор, но Макс Еберл доста брзо постави и ултиматум со понуда „земи или остави“.
Германскиот великан е свесен дека Дејвис е на радарот на Реал Мадрид и се обидува да спречи непосакувано сценарио и повторувње на случајот „Давид Алаба“, но поставениот ултиматум од баварците не наиде на одобрување од луѓето кои го застапуваат фудбалерот.
Последната понуда на Баерн е вредна 14 милиони евра по сезона и од клубот побараа во најскоро можно време да се одговори на истата, но агентот на Дејвис сега информира дека тие ќе почекаат до крајот на сезоната.
– Не е фер да се извршуваат напади кон Дејвис. Бевме многу блиску до договор пред една година, но потоа се смени цел директорски тим и не слушнавме ништо од клубот цели седум месеци. Иако јас се обидов да го контактирам клубот во тоа време, немаше ништо од нивна страна.
– Сега клубот поставува ултиматум и бара од нас да одговориме во две недели, а со тоа се прави неблагодарен притисок. Сметам дека таквиот пристап не е фер. Следниот договор ќе биде најважен во кариерата на Алфонсо и ние не може да донесеме одлука без да знаеме кој ќе биде тренер следната сезона и како ќе изгледа тимот. Затоа сметаме дека ултиматумот не е фер. Ќе одлучиме како ќе продолжиме на крајот од сезоната, тогаш многу работи ќе бидат појасни, – вели Ник Хуосех
Comments