Search
Агентот на Бензема му одговори на Пике по „Ел Класико“ еуфоријата
- Aleksandar Santovski
- Mar 21, 2022
- 1 min read
21.03.2022 Mart Ponedelnik
Карим Бензема не можеше да им помогне на своите соиграчи на вчерашното „Ел Класико“, но неговиот агент беше активен на социјалните мрежи.
Во ситуација кога во таборот на Барселона се појави голема еуфорија иницирана од убедливата победа во Мадрид, Карим Џазири решил да му одговори на Пике за една негова објава на социјалните мрежи.
– Се вративме, – напиша Пике, алудирајќи на добрата форма и одличниот резултат на „Ел Класико“.
– Ја пронајдовме утрешната насловна страница на „Спорт“. Во името на фудбалот, да се надеваме дека овој пат нема да погреши, – твитнал Џазири, кој ја објави насловната на која во 2017 година Пике тврдеше дека Нејмар дефинитивно останува во Барселона, иако тој кратко потоа потпиша за ПСЖ.

Comments