top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Агент на фудбалер на Рома „удри“ по Мурињо: Која му беше целта, не му ја разбирам пораката

Updated: Oct 27, 2021

26.10.2021 Oktomvri Vtornik

Агентот на фудбалерот на Рома, Амаду Диавара, упати критики на адреса на Жозе Мурињо кој одлучи да не го повика фудбалерот за натпреварот против Наполи по катастрофалниот пораз во Конференциската лига против Бодо Гимт од 6:1. Диавара беше посочен како еден од виновниците за неочекуваниот пораз, па натпреварот со Наполи го гледаше од трибините и не доби шанса да настапи заедно со Борха Мајорал, Гонзало Виљар и Брајан Рејнолдс. Фудбалерите не се во комбинација ниту за натпреварот против Каљари, па тоа беше причина да реагира Даниеле Пираино кој го застапува Диавара. – Не ја разбирам пораката која се обидува да ја испрати. Дали Диавара е жртвено јагне? Дали тој треба да ја плати цената за една грешка? Или можеби ова е начин да се исфорсира нешто на трансфер пазарот? – Ако е поради овие причини, наместо поради лоша кондиција или несфаќањето на тактиките на тренерот, тогаш мислам дека Мурињо сам креира некомотна ситуација в клубот. Необјасниво е, но Дијавара ќе се адаптира. Амаду е голем професионалец, -изјави Пираино.


1 view

Comments


bottom of page