top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Авторката на „Сексот и градот“ не ги добила хонорарите што ги заслужила

Кендис Бушнел се пожали дека не ги добила парите што ги заслужила за „Сексот и градот“ по огромниот успех на серијата, базирана на нејзината истоимена колумна во „Њујорк обсервер“. Авторката на истоимениот бестселер вели дека видела само мал дел од стотиците милиони долари што ги заработи серијата. Таа ја критикува серијата дека не ѝ платиле доволно по хонорарот од 60.000 долари. 64-годишната Кендис напиша колумна за „Њујорк опсервер“, која беше адаптирана во најпродавана антологија. Но, кога книгите му биле продадени на Ејч-би-о за она што потоа стана мултимилионски серијал – шест сезони и два филма со Сара Џесика Паркер во главната улога – на авторката наводно ѝ биле исплатени само 60.000 долари за правата. Во интервју за весникот „Сандеј мирор“ таа вели: „Не ги добив хонорарите што ги заслужив. Знаев дека тоа не е добра зделка, но бев под притисок од разни причини. Дури и мојот покоен татко во една пригода пред 15-ина години ми рече: Посакувам да учествуваше поцелосно во економскиот успех на ова дело“. Кендис се надева дека продолжението на серијата, со наслов And Just Like That… („И, едноставно, така…“), кое неодамна се врати во втора сезона – ќе продолжи да се прикажува со успех. Но, таа се прашува што се случило со својата верзија што ја вгради во книгата во ликот на Кери Бредшо пред да забележи дека Сара Џесика Паркер успеала да го направи тоа на свој начин и станала омилена меѓу фановите на серијата. „Што се случи со Кери? Сè се вртеше околу мистер Биг – јас не ја замислив така приказната. Мојата цел, мојата порака до жените не е да го бараат господин Биг. Треба да бидат свој сопствен мистер Биг. Сè е во пронаоѓање љубов, а тоа не е мојата порака до жените. Мојата порака е самоактуализација. Но, Кери е омилена кај фановите. Таа го направи тоа на свој начин – и добро за неа“.





1 view

Comments


bottom of page