Автопортретите на Пикасо – огледало на стилот на големиот сликар
Пабло Пикасо беше еден од најпродуктивните уметници на сите времиња, кој го манифестираше својот талент во сликарството, цртањето, вајарството, колажите, сценографијата и во други уметнички области. Со текот на годините повеќепати радикално го промени својот стил, но и самиот тек на уметноста на своето време.
Константната еволуција на неговиот стил лесно се забележува ако се осврнеме на автопортретите што шпанскиот уметник ги правеше во целиот свој животен ве, од својата 15-та година. Оние создадени пред неговиот 20-ти роденден откриваат дека Пикасо сакал да направи релативно реалистичен приказ на својот лик. На самиот почеток на 20 век почнал неговиот таканаречен син период, па и автопортретите настанати во тој период ја следат оваа естетика.
Потоа во делата на Пикасо се забележува влијанието на примитивната уметност, што се гледа и на неговиот автопортрет од 1906 година. Следната година автопортретот го открива неговиот кубистички период. До крајот на животот Пикасо продолжил да го менува својот начин на цртање и сликање.
留言