top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Автомобилот на принцезата Дијана продаден за 760.000 евра

Автомобил што го користела покојната Дијана, принцезата од Велс, е продаден за 650.000 фунти (околу 760.000 евра) на аукција.

Принцезата Дијана, која почина пред 25 години, возеше црн „форд ескорт РС турбо“ речиси три години, почнувајќи од август 1985 година. Автомобилот, со регистрација C462FHK, беше продаден на аукцијата на „Силверстоун“ во Ворикшир, на купувач од Чешир. Аукциската куќа пред луѓето на продажбата го претстави како „автомобил на денот“.

Аукционерот Џонатан Хамберт рече дека постои силен интерес за возилото, кое доби најголем број телефонски понуди во последните 12 години. Наддавањето започна од 100.000 фунти и набргу стана натпревар меѓу заинтересираните купувачи во Дубаи и Ковентри. Меѓутоа, од околу 450.000 фунти, водечките понуди дојдоа од Чешир и од Дубаи, при што на крајот победи купувачот со седиште во Велика Британија.

Аукционерот го изрази своето изненадување кога понудите се зголемија, коментирајќи: „500.000 фунти за „форд ескорт“? Никогаш порано не сум го кажал тоа“. Хамберт претходно изјави дека автомобилот претставува „парче од историјата“.

Принцезата Дијана претпочиташе да вози сопствен автомобил, а на совозачкото седиште седеше член на командата за спроведување на законот (инаку познат како SO14).

Во јуни 2021 година, уште еден „форд ескорт“ користен од принцезата Дијана беше продаден на аукција за 52.000 фунти.


1 view

Commenti


bottom of page