top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Австрија играше топло-ладно и ги загуби шансите за полуфинале на ЕП

Селекцијата на Австрија доживеа пораз од Исланд (24:26) и со тоа ги загуби сите шанси за пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Австријците со победа ќе останеа во игра за второто место, поточно ќе ги задржеа шансите со тоа што одново ништо немаше да зависи од нив, меѓутоа со овој негативен резултат официјално се отпишаа во борбата за медали на 16. континентален собир.

Избраниците на Пајовиќ не беа на посакуваното ниво во Келн, играа топло-ладно, не беа константни низ 60 минути и на крајот останаа со празни раце. Австрија го загуби првиот дел со 14:8 за да по паузата се разбуди, фати приклучок, па дури и во неколку наврати водеше со еден разлика, ама тука застана, Исланѓаните покажаа заби, се вратија во ритам и се изборија за славје од два разлика.

Гудјонсон и Палмарсон со по 8 и 7 голови беа први стрелци кај победикот, кружниот напаѓач Вагнер на спротивната страна имаше 7 реализации.


3 views

Comments


bottom of page