Австриецот Штролц испиша историја со златниот медал во Пекинг
Јоханес Штролц го освои златниот медал во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пекинг, со што го повтори успехот на својот татко од 1988 година.
Денешната победа на Штролц значи и влез во историјата за неговото семејство, бидејќи тој и неговиот татко Хуберт се првиот пар татко-син, кој стигнал до златен медал во иста дисциплина во историјата на ЗОИ.
Штролц го освои четвртото место во спустот, но очекувано издоминира на слаломската трка и на крајот стигна до златното одличје.
Зад него останаа Александер Омод Килде од Норвешка и Канаѓанецот Џејмс Крофорд, кои ќе мора да се задоволат со сребрениот, односно бронзениот медал.
Хуберт Штролц на ЗОИ во Калгари во 1988 година освоил злато во комбинација и сребрен медал на трката во велеслалом.
Comentarios