Австралиски новинари со навреди за Ѓоковиќ: Лажлив сер*о (Видео)
На социјалните мрежи исплива видео од австралиската телевизија „Канал 7“ на кое може да се види скандалозно однесување на водителите на вестите.
Новинарите Ребека Медерн и Мајк Амор, мислејќи дека не одат во жвио, водеа разговор за целата ситуација околу Новак Ѓоковиќ.
И двајцата упатија сериозни навреди на адреса на српскиот тенисер за кого денеска се појави информација дека лажел дека бил заразен со коронавирусот.
– Како и да гледаш на ова, Новак Ѓоковиќ е лажлив подол сер*о. Жално е што другите го поддржуваат. Излегуваш надвор, а знаеш дека си позитивен. Јас мислам дека не бил воопшто позитивен. После тоа заминал во Шпанија. Падна во своите лаги, но мислам дека на крајот ќе се извлече од ова.
– Повеќето луѓе мислат дека е сер*о и кретен, а коментира дали биле праведни кон него. Тоа е проблем, таа? Мислам дека нема ништо со тоа што беше пратен во имиграционен хотел. Се правдаат пред луѓето кои биле во истиот авион со него. Неговиот живот не е фер, некои летаат со прва класа, а некои… Онаа кутра Чехинка е пратена дома, -говореа новинарите на австралиската телевизија.
Оваа снимка брзо се прошири низ социјалните мрежи и доби осуда од голем број новинарски работници, како и поддржувачи на Новак Ѓоковиќ. Од друга страна, според многумина, тоа што двајцата новинари го говорат на снимката е сосема точно.
https://derbi.mk
Comments