top of page

Австралиец тврди дека е син на Камила и на Чарлс и бара ДНК тест/ФОТО

Симон Чарлс Доранте-Деј од 2016 година тврди дека е дете на кралот Чарлс Трети и на неговата сопруга Камила Паркер Булс. Поради големата сличност во изгледот, дел од јавноста верува дека Чарлс навистина е нагов татко, додека други сметаат дека Симов со ова сака да добие слава.

Симон за австралиската 7NEWS рече дека настојува да го доведе Чарлс на суд и бара ДНК анализа за да докаже дека тој му е татко. За своите можности тој разговарал со правни стручњаци.

„Се расправав со судијата и со неговиот адвокат за правниот статус на Чарлс и за тоа дали монархот е заштитен со закон или е над него. Одговорот беше дека не е и ми рекоа дека не гледаат ниедна причина зошто би бил заштитен. И, втора работа, Камила и нејзиноти семејство сигурно не се над законот. Така што, тој аргумент е решен. Многу луѓе неа загрижени дека тоа што Чарлс стана монарх ќе го уништи мојот случај. Но нема никаква правна разлика поради тоа и јас ќе покренам тужба. Ќе се вратам на судот за семејни односи“ – вели Симон кој живее во Австралија.

Тој истакнува дека во Судот му рекле дека ако дојде со добар доказ, тогаш не може да го одбијат неговото барање за ДНК тест.

„Минатиот пат ми рекоа ако дојдам со добар доказ дека нема причина да го одбијат моето барање за ДНК тест и дека Чарлс и Камила ќе мора да одговорат на тоа. Не ми е важно колку е висока планината, бидејќи морам да ја поминам за да го докажам она што знам дека е вистина. Од таа перспектива ништо не е сменето.

Претходно годинавава Симон испратил и писмо до кралицата Елизабета Втора, но не добил одговор.

„Едноставно јас сум тажен. Не добив никаков одговор на писмото што го испратив и таа можност се затвори. Но енјзината смрт кај мене пробуди и гнев бидејќи таа знаеше што се случува. Тешко е да не се прими именувањето на Вилијам како принц од Велс како тупаница во лице. Мислам дека Чарлс ми долгува барем одговор. Ако не си мој татко, докажи го тоа. Се чувствувам отфрлено. Чарлс го доби тоа што го сакаше: го доби престолот, ја доби својата жена, доби се. Сега е време јас да го добијам среќниот крај“ – додава Симон Чарлс Доранте – Деј.

За потсетување, Симон е роден во април 1966 година и е посвоен. Мајката на жената што ги посвоила му рекла дека неговите вистински родители се Чарлс и Камила и дека таа едно време била вработена во Бекингамската палата.





 
 
 

Comentarios


bottom of page