top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Авион на „Луфтханза“ ќе има ноќен клуб и кино

Германското дизајнерско студио „Луфтханза техник“ објави фотографии што го откриваат изгледот на модифицираниот авион „ербас А330“, претворен во „летачка суперјахта“. Станува збор за проект вреден 325 милиони долари, што претставува модифицирана верзија на стандардниот патнички авион, наменет за луксузни забави.

Дел од авионот е дискотека со стаклен под и „балкон“, а централниот дел има систем за проекција и наречен е „Екслпорер“, вграден во ѕидовите и на таванот, што виртуелно го прикажува дневното и ноќно небо.

Луксузниот авион ќе има спални соби и простории за гости, а на патниците ќе им понуди луксуз како во хотел со пет ѕвездички.

Авионот ќе има и балкон „на извлекување“ што може да се користи на земјата. Ќе има место за 12 ВИП-патници, но дизајнот може да се приспособи за 47 лица.

Иако станува збор за авион, концептот бил претставен на „Монако јахт шоу“ во септември.


1 view

Comments


bottom of page