top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

АББА повторно се обедини за виртуелен концерт во Лондон

Членовите на легендарниот шведски бенд АББА го направија своето прво јавно појавување по 14 години на премиерата на нивниот концерт Abba Voyage во Лондон во четвртокот. Агнета, Фрида, Бени и Бјорн повторно се обединија на отворањето на виртуелниот концерт, кој всушност содржи дигитални верзии од нив. Фрида го гледаше шоуто со широка насмевка на лицето, а Бени стана и ракоплеска на големиот хит Dancing Queen. Тие на крајот се појавија пред завесата со заглушувачки аплауз од публиката. „АББА никогаш не нè напушти, во моето срце“, изјави пејачката Агнета Фалтског за Би-би-си на црвениот тепих. „Не беше толку тешка одлуката повторно да се собереме бидејќи музиката е дел од нас“. „Сонував за ова со години“, додаде Ани-Фрид Лингстад. „Ја сакаме нашата музика, сакаме да пееме“. На почетокот на вечерта присуствуваа голем број музички ѕвезди, меѓу кои Кајли Миног, Софи Елис-Бекстор, Џарвис Кокер и Кира Најтли. Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф и неговата сопруга Силвија исто така ѝ се придружија на публиката – што значи дека присуствуваше вистинска кралица на танцувањето (асоцијација на песната Dancing Queen). Концертот се подготвуваше уште од 2016 година и содржи револуционерна нова технологија, која ја рекреира глетката на АББА во нивниот врв од 70-тите, со хитовите како SOS, Voulez-Vous и Lay All Your Love On me. За да се направи спектакл, бендот пет недели настапуваше во специјални костими за снимање движења, со 160 камери, кои го скенираа движењата на телата и изразите на лицето. Познати како „АББА-тари“, ликовите не се 3D-холограми, како што сите инволвирани во продукцијата се трудат да истакнат. Наместо тоа, ликовите се појавуваат на масивен екран од 65 милиони пиксели, со светла и други ефекти што ја бришат границата помеѓу дигиталните елементи и реалниот свет во арената.




2 views

Comments


bottom of page