Toто: Ова е многу важен меч, клучот ќе биде во одбраната
- Aleksandar Santovski
- Dec 7, 2021
- 1 min read
07.12.2021 Dekemvri Vtornik
Нова недела, нов предизвик за Вардар во Лигата на шампионите овојпат на гостински терен во Хрватска против составот на ППД Загреб.
Ова е дуел на две екипи кои не се прославија по првите 9 кола и со освоени 5, односно 4 бода се наоѓаат на 6 и 7 позиција на табелата, па поради тоа двата клуба се надеваат на поволен резултат. „Вардарци“ бараат прекин на серијата од шест порази, а според Жереми Тото тоа ќе биде возможно ако одиграат како против Кил, но и одбраната биде на највисоко ниво.
-Нашите очекувања за овој натпревар е да бидеме силни исто како што бевме во Кил. Мислам дека покажавме добро лице иако загубивме. Сега се фокусираме на овој натпревар, имаме видео-анализа на противникот и верувам дека секој е фокусиран за овој натпревар. Ова е многу важен меч, клучот ќе биде во одбрната, -порача Тото.
Мечот Загреб-Вардар е закажан за утре од 20:45 часот.

Comentarios