„Symbiotics“ – изложба на Филип и Ангел Коруновски во МКЦ
26.11.2021 Noemvri Petok
Вечерва, со почеток од 20 часот во Галерија МКЦ ќе биде отворена „Symbiotics“ – изложба на Филип и Ангел Коруновски.
Изложбата „Symbiotics“ е првата заедничка изложба на Филип и Ангел Коруновски, визуелни уметници со разноликост во нивните портфолија, а слични во нивната физономија. На изложбата се претставени 40 дела работени во комбинирани сликарски и цртачки техники. Сите дела се работени на квадратни платна и се рефлексија на чувствата и размислите на уметниците во контекст на апстрактната уметност и акционото сликарство во насока на личното современо доживување на општеството.
„Symbiotic е диптих во кој комуницираат уметнички дела во постојани движења. Диптихот го чинат презимето на потписите, а рамката во која диптихот се остварува е акцијата, дејството. Акцијатаво засебните уметнички дела, кои ја чинат изложбата и акцијата во комуникацијата што меѓусебно ја остваруваат овие уметнички дела, во диптихот како севкупна импресија. Коруновски и Коруновски во оваа изложба создаваат уникатна синтеза: деконстуктивистичкиот пристап на Ангел и миркоскопскиот наратив на Филип, овде создаваат сложен говор од говори, уникатен сематнички јазол. Сложената семантика поаѓа од еден пункт: акцијата, дејството, движењето. Actio. Но и реакцијата, содејството. Reactio. И сето тоа: во сите возможни насоки, од себе кон себе, од органиката на уметничкото дело и неговата комуникација со секое од делата што ја чинат изожбата и го вклучува гледачот, го осмислуваат начинот на кој овој диптих се ткае. Синтезата што се остварува во оваа уметничка средба со двоен потпис плени со количеството енергија: комбинацијата на бои во кои се заробени апстрактните светови на авторите пулсира моќно. Се движи сè. Се движи сè, движи, се движи…“, се посочува кон изложбата која ќе биде отворена до 4 декември.
Comments