„Sound of Green 2024“ – традиционален еко фестивал на Пакомак вечерва во МКЦ 25 Мај во Скопје Македонија
30.08.2024 Avgust Petok
Време е за традиционалниот еко фестивал на Пакомак „Sound of Green“, а тоа значи дека и оваа година не очекува одлична музика, дружење и селектирање на пластични шишиња и лименки. Овогодинешното издание на фестивалот се одржува како дел од прославата на 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Швајцарија.
Sound of Green“ 2024 ви подготви програма на две сцени во МКЦ со македонски и швајцарски изведувачи.
Парк МКЦ:
20:30 Moira
21:25 Игор Џамбазов и Гуру Харе
23:00 Orphia (Швајцарија)
Бифе МКЦ:
21:30 DJ Alex Nantaya (Швајцарија)
Влезница: едно пластично шише, една лименка или инсталирана мобилна апликација Екомак: https://qrco.de/bdB0HZ
За првите 300 посетители со инсталирана мобилна апликација и минимум 10 зелени поени на неа следува специјално изненадување, подарок од Пакомак.
Поддржувачи на настанот: Амбасада на Швајцарија во Македонија, Макстил, Универзитет Скопје и МКЦ.
Comments