top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Oперската дива Марија Калас доби свој музеј во Атина

Во Атина денес се отвора музеј посветен на славната сопранистка Марија Калас, која важи за најголема оперска дива во светот. Сместен во трикатна неокласична зграда во срцето на грчката престолнина, музејот ги отвора своите врати во пресрет на стогодишнината од нејзиниот роденден. Четирикатницата од 20-тите, лоцирана на централниот плоштад Синтагма, некогаш била хотел. Посетителите во музејот ќе може да видат над 1.300 експонати – од нејзините оперски фустани, вклучително и синиот кадифен фустан што го носеше по незаборавната изведба на „Травијата“ на Верди во миланската Скала, до училишни тетратки, партитури и фотографии, па дури и судбоносното мени на забавата во Венеција во 1957 година, каде што се запозна со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, соопштија организаторите. На вториот кат од музејот посетителите ќе може да слушаат делови од нејзините препознатливи изведби. „Големата дива Марија Калас се враќа дома. Се гордееме на овој музеј, кој прв ги комбинира технологијата и доживеаното искуство“, изјави градоначалникот на Атина, Костас Бакојани. Реновирањето на објектот и неговата преобразба во музеј траеше повеќе од една деценија, со трошоци од 1,5 милион евра. Некои од изложените предмети беа донирани од миланската Скала, њујоршката Метрополитен опера, театарот „Ла Фениче“ во Венеција и Арената во Верона, каде што Калас дебитира во Италија во 1947 година. Марија Ана Сесилија Софија Калогеропулос, оперска дива со грчки корени, позната во светот како Марија Калас, е родена во Њујорк во декември 1923 година. Таа почина во 1977 година од срцев удар.





0 views

Comments


bottom of page