top of page

Next Time со голем концерт во Скопје, нова песна и изненадување за публиката – открија кои ќе им бидат гости! (ВИДЕО)

Nov 3
2 min read

03.11.2026 Noemvri Vtornik

„Сакаме на публиката да ѝ понудиме нешто поинакво од она на што досега е навикната. Подготвуваме концерт со многу изненадувања, посебна сценска приказна и моменти што веруваме дека долго ќе се паметат. Сакаме ова да биде вечер во која публиката не само што ќе ги слуша нашите песни, туку и вистински ќе го почувствува секој момент“, порачуваат Мартин и Стефан Филиповски.

Со нова песна, ексклузивно откриени музички гости и најава за концертно шоу што ќе донесе поинакво искуство за публиката, македонскиот музички бренд Next Time ги засили очекувањата за големиот концерт на 27 ноември во арената „Борис Трајковски“.

На вчерашната прес-конференција, Мартин и Стефан Филиповски ги открија дел од деталите за претстојниот музички спектакл, но и ја промовираа својата најнова песна, „Години“.

Меѓу најзначајните најави беа имињата на специјалните гости кои ќе им се придружат на сцената – познатата македонска група „Синтезис“ и младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска, со што концертот добива дополнителна музичка димензија и ветува вечер исполнета со различни музички изрази.

На прес-конференцијата присуствуваа претставници на медиумите, соработници и пријатели на дуото, кои имаа можност да дознаат повеќе за подготовките и визијата зад концертот.

Паралелно со најавите за големиот настап, Next Time ја претставија и „Години“ – нивното најново музичко остварување, создадено во соработка со Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска. Песната е придружена и со видеоспот, чиј режисер е Stedy Flow.

Браќата Филиповски најавија дека публиката на 27 ноември ја очекува концерт поинаков од сè што досега имала можност да види и слушне од нив.

„Сакаме на публиката да ѝ понудиме нешто поинакво од она на што досега е навикната. Подготвуваме концерт со многу изненадувања, посебна сценска приказна и моменти што веруваме дека долго ќе се паметат. Сакаме ова да биде вечер во која публиката не само што ќе ги слуша нашите песни, туку и вистински ќе го почувствува секој момент“, порачуваат Мартин и Стефан Филиповски.

Со новата песна „Години“, специјалните гости и најавата за поинакво концертно доживување, Next Time најавуваат голема музичка вечер на 27 ноември во арената „Борис Трајковски“.

Инаку, билетите за големиот концерт на Next Time на 27 ноември во арената „Борис Трајковски“ се веќе достапни за купување онлајн преку официјалната продажна мрежа на www.kupikarta.com

Уживајте во нивната најнова песна:


 
 
 

Comments


bottom of page