top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Mонографија на Наташа Диденко „Октомвриски фестивали на народни игри и песни во Битола, Штип и Скопј

Updated: Nov 12, 2021

11.11.2021 Noemvri Cetvrtok

Mонографија на Наташа Диденко „Октомвриски фестивали на народни игри и песни во Битола, Штип и Скопје (1947-1952)“Во рамки на 22. издание на „Есенски музички свечености“, во Музејот на Македонската борба, денеска ќе биде промовирана монографијата на доц. др. Наташа Диденко со наслов „Октомвриски фестивали на народни песни и игри во Битола,Штип и Скопје(1047-1952)“.

Промоцијата е во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, а промотор и рецензент на книгата е професор др.Биљана Ристоска-Јосифовска од ЈНУ „Институт за национална историја“-Скопје.

“Оваа монографија произлегува од неколкугодишни истражувања и проучувања на темата и ги поткрепува заклучоците со обемна документација (необјавени и објавени архивски материјали), фотодокументација и придружна литература, истакна за својот најнов труд авторката Наташа Диденко. Таа е автор и на монографијата „Развојот и дејноста на музичките културно-уметнички организации и манифестации во Македонија“, но се јавува и како автор на монографијата на ансамблот на народни песни и игри Орце Николов иманувана како „75 години повеќе од игра и песна“.

Диденко е автор и на поголем број научни трудови во домашни и странски списанија.



3 views

Comments


bottom of page