top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Mонета искована пред откривањето на Америка пронајдена во Канада

Откривањето златник на јужниот брег на Њуфаундленд, Канада, може да ги оспори историските наративи за првиот европски контакт во регионот, бидејќи тоа му претходи најмалку 70 години на пристигнувањето на истражувачот Џон Кабот на островот.

Во соопштението за печатот неодамна, Владата на Њуфаундленд и Лабрадор рече дека англиската монета била пронајдена во текот на летото 2022 година, од страна на Едвард Хајнс, локален историчар, кој го пријавил тоа кај официјални лица, според Законот за историски ресурси на покраината. Монетата стара 600 години му претходи на првиот документиран контакт на Европа со Северна Америка.

По консултација со Пол Бери, поранешен кустос на музејот за монети на Банката на Канада, беше утврдено дека монетата е од времето на Хенри Шести, и дека е кована во Лондон помеѓу 1422 и 1427 година. Монетата денес би вредела значителна сума пари, околу 61 американски долар. Пред ова откритие се веруваше дека монета искована во 1490-тите и пронајдена во 2021 година на локалитетот Кјупидс Ков Плантејшн е најстарата англиска монета што некогаш била пронајдена во Канада.

Бидејќи Бери вели дека монетата, најверојатно, била надвор од оптек кога била изгубена, има многу шпекулации за тоа како точно таа стигнала до Њуфаундленд и Лабрадор. Точната локација на откритието се чува во тајност за да се обесхрабрат ловците на богатство.

Во интервју за „Си-би-си“, археологот Џејми Брејк вели дека откако ќе заврши тековната студија, монетата ќе биде изложена за јавноста во музејот „Д румс“ во главниот град на провинцијата Св. Џон.

Приказните за доаѓањето на викинзите се содржани во исландските саги, вклучувајќи ги посетите на Леиф Ериксон пред повеќе од 1.000 години и археолошки докази за нордиска населба пронајдена во Ланси Медоуз, која беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1978 година. Други непотврдени извештаи за европски контакт вклучуваат приказни од Англиските Острови за брод што скршнал од курсот во чудна земја „полна со риби“ кон крајот на 15 век.

Во 1583 година, Њуфаундленд стана првиот посед на Англија во Северна Америка, а воспоставувањето на рибарството на надворешниот брег на островот му го оневозможи на домородното население пристапот до изворите на храна.

– Некое време има одредени сознанија за присуството на Европа пред 16 век, исклучувајќи ги викинзите. Можноста за окупација пред 16 век би била неверојатно откритие – рече археологот Брејк.


3 views

Comentarios


bottom of page