Liveplay – Coldplay Tribute Band на 16 ноември во Македонската филхармонија
09.10.2024 Oktomvri Sreda
Еден од најголемитe и најценетите европски трибјут бендови – „Liveplay – Coldplay Tribute Band“ на 16 ноември премиерно доаѓа во Скопје, во „Македонска филхармонија“, каде што ќе ги изведе најголемите хитови од богатиот опус на една од највлијателните групи во моментов.
Toa ќе биде шоу кое го одзема здивот, настап богат со аудио-визуелни ефекти, неверојатни звуци, енергија.
„Liveplay – Coldplay Tribute Band“ во состав: Енрико Коин како Крис Мартин, Филипо Коин како Џони Бакланд, Анџело Барбиерато како Гај Бериман и Давиде Поли како Вил Чемпион, долги години континуирано ги воодушевуваат фановите ширум светот, а нивната способност да спојуваат и преплетуваат различни музички елементи, одамна ја освои публиката и се покажа како формула за нивната автентичност и успех.
„Coldplay“ е еден од ретките бендови кои постигна светска слава и популарност низ целиот свет. Она што особено фасцинира е нивната сестраност, постојана потрага по нов, свеж звук, бидејќи тие не се задоволуваат со малку, постојано експериментираат, менуваат и ризикуваат.
Токму оваа генијалност поттикна четворица пријатели од Италија да го основаат трибјут бендот „Liveplay“. Започнале во 2013 како пријатели кои свиреле во гаража, за години подоцна да ја освојат цела Европа. Момците од „Liveplay“ имаат повеќе од 400 концерти низ Европа, a имаат соработувано и со многу познати имиња. Победија на натпреварот „CoverStar 2015“, како најдобар трибјут бенд во Венето, а настапија и на „Milan EXPO 2015“, како единствен трибјут бенд на „Coldplay“.
Овие енергични италијански музичари, редовно го потврдуваат статусот на врвен трибјут бенд меѓу публиката и критичарите, а со секој нивен настап го пренесуваат духот на оригиналниот бенд „Coldplay“, и со тоа докажуваат дека не се моментална сензација, туку сериозни и доследни уметници.
Со својот талент на пресликување на оригиналот, ја фасцинираат публиката. Деталите на кои бендот посветува внимание во сценскиот настап се исто така фасцинантни. Слободно можеме да кажеме дека на 16 ноември Ве очекува целосно визуелно и аудио уживање.
„A Sky Full Of Stars“, „Paradise“, „Fix you“, „Hymn for the weekend“, се само некои од мегахитовите на легендарната група „Coldplay“ кои ќе можат да се слушнат во„Македонска филхармонија“.
Затоа не чекајте и веднаш обезбедете ја вашата влезница. Истото може да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2 и ЈК травел во Бисер.
Comments