top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Kруната на Статуата на слободата повторно отворена за туристи

Статуата на слободата, симбол за имигрантите што одат во САД, беше затворена за посетители од март 2020 година поради пандемијата на коронавирусот. Сега, две и пол години подоцна, јавноста повторно може да влезе во круната на Статуата на слободата.

Додека делови од Статуата на слободата постепено се отворија за време на пандемијата, палубата за набљудување на круната беше затворена повеќе од две и пол години.

Службата за национални паркови, која управува со споменикот на Њујорк, не сакаше премногу да го објавува отворањето на споменикот, бидејќи на крајот на октомври се очекува да ја прослави 136-годишнината од поставувањето на споменикот како симбол на градот што никогаш не спие.

Луѓето навистина беа возбудени поради веста. Интересот за посетата е огромен – изјави Џери Вилис, портпарол на Националната статуа на слободата, пренесува „Си-ен-ен“.


1 view

Comments


bottom of page