top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Kонцерт на рускиот бенд „SHORTPARIS“ во МКЦ

Kонцертoт на руските ексцентрици „SHORTPARIS“ ќе се одржи вечерва во МКЦ, со почеток од 21 часот.

Предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин, „Shortparis“ доаѓаат од Русија и се на добар пат да добијат меѓународно признание. Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени. Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, „Shortparis“ се приближуваат сè поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сè уште е.

Овој пат, со целовечерен настап во МКЦ го промовираат новиот албум „Yablonny Sad“.

Билетите по цена од 400 денари се пуштени во продажба. Истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн.

Настанот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање настани во затворен простор.


2 views

Comments


bottom of page