top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Kатапулт за пилоти што спаси 7.600 луѓе на изложба во Ирска

26.08.2021 Avgust Cetvrtok

Џејмс Мартин е заслужен за пронајдокот за кој се претпоставува дека досега спасил 7.600 луѓе, а станува збор за катапултот за пилоти. Овој пронаоѓач од Северна Ирска дизајнира катапулт за пилоти во 1944 година. Ретки фотографии од пронајдокот, како и прототиповите, се изложени во Музејот за транспорт во Алстер, Северна Ирска. – Тој бил решен да не работи за другите, туку да работи за себе. Големата пресвртница во неговиот живот била кога почнал да зема часови по летање со капетанот Валентајн Бејкер. Двајцата веднаш формирале партнерство и станале добри пријатели и одлучиле да ја основаат авиокомпанија „Мартин-Бејкер“ – вели Клер Аблет од Музејот за транспорт.

Потоа Бејкер бил убиен, што значително влијаело врз работата на Мартин, односно тоа го натерало да го измисли катапултот за пилоти.- Капетанот Бејкер бил убиен при тестирање воен авион, а тоа драматично го погодило Мартин. Затоа тој бил навистина посветен да даде сѐ од себе за да создаде нешто што ќе спречи смрт на пилотите. Во есента 1944 година, тој започнал да работи на изработка на асистент-систем, со што пилотот ќе може да избега од авионот – објасни таа.

Првиот човек што го тестирал овој систем, вели Аблет, бил вработен во гореспоменатата компанија, Бернард Линч, а тоа се случило во 1945 година. Таа го опиша тој момент како „апсолутно застрашувачки“. Во меѓувреме системот спаси 7.600 животи, објави „Би-би-си“.


2 views

Comments


bottom of page