IN MEMORIAM: Роберт Пластиноски (1957-2024)
28.03.2024 Mart Cetvrtok
ФК Преспа соопшти дека легендарниот играч, капитен, а подоцна и тренер на клубот, Роберт Пластиноски, почина во Ресен по кусо, но тешко боледување.
Пластиноски се уште беше активен во фудбалот и беше дел од комисиите на ФФМ.
Бројни спортисти и фудбалери се простија од него преку социјалните мрежи, вклучувајќи го тука и легендарниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски.
– Замина во вечноста Роберт, човекој кој со неговата фамилија ја поддржува ФК Преспа како никој пред него. Играч, тренер, организатор, душа на клубот! Почнавме заедно, безброј заеднички настапи и дружби. Многу тешко ја примив веста дека ќе го нема повеќе меѓу нас. Искрено сочувство до неговите најблиски. Нека почива во мир,- напиша Хаџиевски.
Погребот на Роберт Пластиноски ќе се одржи в четврток на градските гробишта во Ресен, во 12 часот.
Comments