Gol.mk дознава: Македонија со нов селектор во баражот, Милевски не добива нов договор!
- Aleksandar Santovski
- Nov 20
- 1 min read
19.11.2025 Noemvri Sreda
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има нов селектор во баражот за Светското првенство кое ќе се игра во 2026 година. Поради незадоволство од последните изданија, Благоја Милевски нема да добие нов договор и му завршува мандатот на кормилото на А-тимот, ексклузивно дознава Gol.mk.
Последните мечеви на сениорскиот тим наидоа на жестока критика кај јавноста, а кај раководството на ФФМ посебно влијаеше последниот меч со Велс на кој Македонија беше понижена и надиграна (1-7). По убедливиот пораз во Кардиф, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, видно разочаран го напушти стадионот, потиштен од начинот на кој репрезентацијата го одигра натпреварот.
Резултатот и односот кон играта се недозволиви за националниот тим и сериозно ја отворија дилемата околу работата на актуелниот селектор, чиј договор со ФФМ истече по последниот квалификациски дуел. Негативниот исход е продолжение на серијата натпревари во кои репрезентацијата покажува пад во форма – пред Велс сериозен аларм беа и дуелите со Летонија и Казахстан во Скопје.
Иако селекторот ќе биде присутен на ждрепката за бараж натпреварите во Цирих, обврска што е договорена однапред, тоа не значи дека неговиот договор е сигурен. ФФМ имаше првичен сигнал за задржување на Милевски и во иднина, но последните три меча пресудија соработката со еден од најуспешните селектори во У21 и А-тимот тука да заврши.
Благоја Милевски ја презеде Македонија во 2021 година, кога на тренерското столче го наследи Игор Ангеловски.






Comments