top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Bullet Train забрзува кон деби од 60 милиони долари на светските киноблагајни

„Њујорк тајмс“ го нарече Том Круз ‘последната вистинска филмска ѕвезда на Холивуд’, но „Сони пикчрс“ се обложува дека има барем уште еден водечки човек во Тинселтаун кој може да ги наполни киносалите благодарејќи на своето име. Студиото ќе ја тестира моќта на популарната привлечност на Бред Пит кога ќе го отвори Bullet Train („Експресен воз“) во 4.300 кина во Северна Америка в петок. Само неколку дена пред премиерата во кината ширум светот, филмот на „Сони пикчрс“ се чини дека е на вистинскиот пат за силно деби на киноблагајните. Акциониот трилер со Бред Пит се очекува да биде последен голем филм на боксофисот во летната сезона. Новиот филм од режисерот Дејвид Лич се очекува да заработи 60 милиони долари ширум светот во првиот викенд на прикажување, со 30 милиони долари во Северна Америка, пишува „Дедлајн“. Филмот се снимаше пред пандемијата, со буџет од околу 90 милиони долари.


2 views

Comments


bottom of page