Aнџелина Џоли и синот Пакс на прошетка во Лос Анџелес
Оскаровката Анџелина Џоли и нејзиниот син Пакс во неделата беа забележани во продавница за домашни миленици во Лос Анџелес, каде купуваа кревет за куче. Џоли (47) чекори покрај Пакс (18), кој потекнува од Виетнам, додека тој го внесува новиот кревет за кучиња, во нивниот црн теренец. Подарокот за нивниот миленик го купија од Precision Pet Products „ProValu“. Таа е лежерно облечена во бела маичка со црни свилени панталони и соодветни сандали на платформа. Пакс – кого Анџелина и поранешниот сопруг Бред Пит го посвоија во 2007 година – носи беж маица, црни широки панталони и бели патики. Минатиот месец Џоли изјави за „Пипл“ дека Пакс напорно работел снимајќи кадри на италијанскиот сет за нејзиниот петти режисерски обид „Без крв“, каде што работел во одделот помошници на режисерот.
Comments